Касандра е првиот, најзападен крак од „трозабецот на Посејдон“, т.е. од полуостровот Халкидики. Полуостровот Касандра е најразвиен од сите три краци, но сепак раскошната природа не е уништена и ќе успее да ви го одземе здивот.
Ако токму таму одите на одмор, проверете кои се најдобрите плажи…
Полихроно
Полихроно е мирна, мала населба која се наоѓа помеѓу селата Ханиоти и Криопиги. Плажата во Полихроно секоја година добива „сино знаменце“ за одлична организација и беспрекорна чистота. Ситниот песок, кристално бистрата вода и сенките од боровите шуми и насадите од маслинки ја прават оваа плажа вистинско место за уживање. Доколку сакате да ја видите целата плажа во целиот раскош, треба да се искачите на ридот над Полихроно.
Неа Потидеа
Неа Потидеа е туристичка населба која се наоѓа на самиот влез од полуостровот Касандра, на само 60 километри оддалеченост од Солун. Плажата во Неа Потидеа претставува долг и релативно широк песочен појас, со одлична организација (лежалки, чадори, шанкови итн.), а чистата вода е идеална за сите кои сакаат да поминат повеќе време во пливање.
Пефкохори
Пефкохори се наоѓа на југо-источниот дел од Касандра, а плажата пред оваа населба се одликува со малку покрупна песок, факт кој е занемарлив откако ќе ја здогледате кристално сината вода. Постојат многу причини зошто токму оваа плажа е една од најпосетените на Халкидики. Доколку во кој било момент ви стане пренатрупано, можете пеш да се упатите кон соседната плажа, Паглиури, која е далеку потивка и се користи главно за кампување.
Ханиоти
Туристичката населба Ханиоти се наоѓа на половина пат помеѓу Полихроно и Пефкохори, на источната страна од полуостровот Касандра. Ова место важи за најпогодно за семејни одмори. Плажата има покрупна песок, но водата е исклучително чиста и релативно плитка, што ја прави одлична за деца. Голем е и изборот на водени спортови, а долж плажата ќе најдете и голем број таверни, кафулиња и ресторани.
Сани
Населбата Сани се наоѓа на приближно 10 километри од селото Неа Фокеа, но на западниот брег од полуостровот Касандра. Уникатната локација ја прави тамошната плажа исклучително убава и доколку патувате со автомобил, задолжително одвојте еден ден за посета. Се работи за одлично организирана плажа, која неколкупати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk