Најдобрите плажи на Халкидики

Халкидики е едно од најпопуларните туристички места во Грција. Секако, постои причина зошто е тоа така. Овој полуостров изобилува со прекрасни места, културни знаменитости, но и плажи од кои застанува здивот.

Неа Потидеа

Оваа плажа е дел од голем туристички комплекс, на самиот влез на полуостровот Касандра (популарно познат како „првиот крак“ од Халкидики). Се наоѓа на само 30 километри од Полигирос (гравниот град на префектурата) и 60 километри од Солун. Брегот е прекриен со широк појас бела песок, а плажата е одлично организирана – со лежалки, чадори, услуга за сечиј вкус. Водата со прекрасна сина боја е одлична за оние што повеќе време минуваат во морето. Плажата се наоѓа многу блиску до сите сместувачки капацитети.

Сарти

BlueSarti640_44

Плажата Сарти се наоѓа на источната страна на полуостровот Ситонија („средниот крак“ на Халкидики). Причината поради која е една од најатрактивните дестинации за туристи во цела Грција се малите заливи со бели песоци во кои водата, речиси без исклучок е мирна, што го прави уживањето неспоредливо. Раздвижената плажа е одлично организирана и не само во текот на денот, туку и навечер, кога благодарение на бројните туристички објекти и блиското село со истото име, можете да бирате со каква активност од ноќниот живот ќе се релаксирате.

Аретес

Оваа плажа е помала и потесна, што ја прави совршена за луѓето што не сакаат гужви и претпочитаат да бидат на поизолирани места. Се наоѓа на половина пат помеѓу Неа Мармарас и Торони, на јужниот дел од полуостровот Ситонија.

Никити

nikiti5

Плажите околу селото Никити, на самиот влез на полуостровот Ситонија, се нешто помеѓу големите и преполни плажи и малите, изолирани плажи. Ова место е совршено за семејни одмори, поради близината на сите потребни нешта – плажа, угостителски објекти, градчето Никити како совршено место за прошетки, но и раскошната природа.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -