Најдобрите месеци за зачнување

Летното време е најсоодветно доколку сакате да имате деца, покажува ново истражување објавено во “Индипендент”.
На пролет сите почнуваат да мислат за љубов, но во текот на летото поверојатно е мажите да создадат потомство. Ново истражување покажува дека спермата е поактивна во средината на годината во месеците јули и август. Такви се резултатите од истражувањето, кое траеше 11 години со учество на 5.000 лица кои имале проблем со плодноста.

Неплодноста се дефинира како неможност да се зачне дете 12 месеци по првиот обид за забременување. Тоа им се случува на 15 и 20% од паровите, со тоа што со возраста се зголемува ризикот да не може да се забремени.

Enamoured couple finding out results of a pregnancy test

Машкиот стерилитет е виновен за половина од случаите, а главниот проблем е во подвижноста на сперматозоидите. За да ја оплодат јајце клетката, тие треба да пливаат во грлото на матката, матката и јајцеводите на жената. За да бидат способни да создадат семејство, 40% од машките сперматозоиди треба да бидат подвижни.

Во истражувањето лекарите анализирале податоци собрани од 5188 мажи, кои го посетувале Центарот за репродуктивна неспособност на Универзитетската болница на Парма, Северна Италија. Тие утврдиле сезонска зависност во квалитетот на генетскиот материјал на мажите.

Резултатите покажуваат дека подвижноста го достигнува својот врв во текот на летото и е најниска во текот на зимата. Според лекарите тоа се должи на промени во нивоата на хормоните, вклучувајќи тестостерон.  Кај луѓето за успешното зачнување се важни нивото на стрес – кортизол, тестостеронот, витамин D и холестеролот.

3772299903_dfa211fb02_o

- Реклама -