Home Спорт Најдобриот меч во историјата на Премиер Лигата

Најдобриот меч во историјата на Премиер Лигата

0
Најдобриот меч во историјата на Премиер Лигата

article-2465511-0000961500000C1D-586_634x389[1]

Англиските љубители на фудбалот го сметаат за најдобриот натпревар на сите времиња, и тоа не само на тлото на Премиер Лигата. Се играше пред 20 години, на Енфилд, пред над 40.000 гледачи.

„Редси“ влегоа во мечот како третопласирани на табелата, зашеметени од поразот од Нотингем Форест во претходното коло, со кој беше прекината нивната низа од 21 натпревар без пораз. Фудбалерите на Њукасл, пак, стигнаа во Ливерпул по поразот од Арсенал, со кој ја препуштија лидерската позиција на Манчестер Јунајтед, кој го зазема првото место со победата над Тотенхем (со голот на Ерик Кантона).

Менаџерите Рој Еванс и Кевин Киган се одлучија за следните состави:

Ливерпул: Дејвид Џејмс, Марк Рајт (Стив Харкнес), Џон СКејлс, Нил Рудок, Џејсон Мекатир, Џејми Реднап, Роб Џонс (Јан Раш), Џон Барнс, Стив Мекманаман, Стен Колимор, Роби Фаулер.

Њукасл: Павел Срничек, Стив Вотсон, Стив Хоуви (Дарен Пикок), Филип Албер, Џон Бересфорд, Питер Бардсли, Дејвид Бати, Роберт Ли, Давид Жинола, Фаустино Асприља, Лес Фердинанд.

Црвените поведоа со голот на „Богот“ Роби Фаулер веќе во втората минута, но веќе во 14-тата следеше пресврт, откако Лес Фердинанд и Давид Жинола ја затресоа мрежата на Дејвид Џејмс. Резултатот на полувремето беше 1:2.

По само 10 минути игра во второто полувреме, Роби Фаулер изедначи на 2:2 со својот втор гол, но само 2 минути подоцна, Тино Асприља ја враќа предноста на Њукасл.

Во 68 минута, Стен Колимор по трет пат го израмни резултатот, а во судиското надополнување прерасна во херој, откако по втор пат го совлада Срничек за конечни 4:3.

На крајот на сезоната (1995/96) Манчестер Јунајтед беше тој што ја освои титулата со 82 бода, Њукасл беше втор со 4 бода помалку, а Ливерпул трет со 71 освоен бод.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here