Секоја мајка има една основна мисија во животот: да направи добри личности од своите деца. Понекогаш ги слушаме, понекогаш не но, тие никогаш не се изморуваат од тоа да ни даваат совети. Еве некои од најдобрите совети на мајките за своите ќерки…
Никогаш не позајмувај пари од пријатели и роднини
Ако позајмиш ќе си создадеш долг за кој не знаеш кога ќе можеш вистински да го вратиш. Дури и ти да дадеш пари на роднини и пријатели не е добра идеја. Парите тешко се враќаат, особено кога се блиските во прашање. Ако ти треба нешто, подобро почекај и заштеди.
Поентата во животот не е да ја најдеш вистинската личност, туку да станеш вистинската личност
Во животот секогаш фокусирај се на тоа ти да станеш вистинска, добра, неазвисна личност. Само така ќе ја најдеш вистинската љубов. Оној кој ќе те натера да се ставиш себеси на второ место, не те сака вистински.
Некогаш сè што можеш да направиш е да се напиеш апче за главоболка и да продолжиш
Да можев би те заштитила од сите лоши нешта на светот ама не можам. Животот е полн со борби од кои многу се нефер. Мора да бидеш силна личност и секогаш да сметаш најмногу на себеси па потоа на сите останати. Ќе има ситуации кога ќе немаш моќ над работите… сооочи се со тоа и продолжи.
Подобро е да се биде сам отколку во лошо друштво
Сакам да ја најдеш својата сродна душа, сакам да ја искусиш радоста што ја носат децата… но, најмногу сакам да бидеш среќна. Понекогаш е подобро да си сам отколку со некој кој нема да те познава, ќе се обиде да те смени и ќе те направи несреќна.
Сè изгледа полошо кога ќе падне ноќ
Никогаш не размислувај ноќе за сериозни теми. После долгиот ден често се чини дека од ништо нема излез. Преспиј и наутро носи ги своите одлуки.
Секогаш негувај ги рацете, вратот, лактите и колената
Кога годините ќе поминат, без оглед како изгледаш, овие делови од тебе ќе те издадат.
Само еднаш си млада!
Не расти пред време, не преземај премногу на себе… живеј со страст, лудост, љубов и безгрижност во својата младост. Внимавај и прави сè во свое време. Ќе дојде време кога нема повеќе да можеш. Барем не така.
Биди независна
Вистинската жена никогаш не моли за своите основни потреби. Работи и заработувај за себе. Секогаш имај ја сигурноста дека што и да се случи, ти си способна да се обезбедиш себеси и своите деца.
Влегувај во секоја просторија како да ја поседуваш
Самодовербата на една жена е важна и во приватниот и во професионалниот живот. Секогаш чекори со високо крената глава, не прави ништо од што би се засрамила и бори се за она што го претставуваш. Кој вели дека другите се подобри од тебе?
Семејството нека ти биде на прво место
Знам дека е тешко во свет кога треба да застанеш рамо до рамо со мажите да го одржиш балансот во сопствениот живот. Не заборавај, ти си столбот на твоите деца, гордоста на твоите родители и подобрата половина на твојот партнер. Колкава и да ти е професионалната амбиција, ти на твојата работа не и значиш ништо, ниту пак некогаш ќе ѝ недостигаш.