Најдобри налепници на возила

bumperЕкипата на 365.com.mk направи селекција од наши и
странски налепници на возила. Ако некоја ви се допаѓа, слободно испечатете
ја и залепете ја на вашиот автомобил!

bumper

 

Екипата на 365.com.mk направи селекција од наши и
странски налепници на возила. Ако некоја ви се допаѓа, слободно испечатете ја и залепете ја на вашиот автомобил!

 

 

Не се искачив на врвот од ланецот на
исхрана за да станам вегетаријанец!

Фродо не успеа. Прстенот е кај Џорџ Буш!

Толку многу глупави луѓе, толку малку
астероиди.

Мислете глобално, делувајте галактички.

Не верувајте во се што ќе помислите.

Животот е краток! Затоа купи ги штиклите!

Не мислам, според тоа не сум.

Кажете им “НЕ“ на дрогите. Тоа ќе ја намали
цената.

Што би направил James Bond?

Господ сите ве сака. Но јас сум му омилен.

Оваа налепница намерно е оставена празна.

Што би направил Гандалф?

Дуплирајте го празното место на хард
дискот. Избришете го Windows-от.

Од сите работи, највеќе ми недостига
мозокот.

Јас сум Канаѓанин. Исто е како да си
Американец, само без пиштол.

Не ми работи Control копчето на тастатурата.

Дајте му на човек риба и ќе го нахраните за
еден ден; научете човек да користи интернет и нема да ви досаѓа со недели.

Господ те сака. Сите други мислат дека си
идиот.

Што би направил Чак Норис?

Секогаш кога ќе отвориш уста, некој идиот
почнува да зборува.

Од луѓе како тебе на луѓе како мене им
требаат лекови.

На кутијата пишуваше Windows 2000 или подобар.
Затоа инсталирав Linux.

Linux за сервери, Macintosh за графика,
Windows за Solitaire.

Толку многу мачки, толку малку рецепти.

Што би направил Скуби?

Ако го читате ова, тогаш не сте
Претседателот.

Да грешиш е човечки, да ја фрлиш вината на
друг покажува менаџерски потенцијал.

Ако го читате ова, ми се откачила
приколката!

Сите мажи се идиоти, а јас се омажив за
нивниот Крал.

Кои се овие деца и зошто постојано ме
викаат Мамо?

Проблемот со животот е што нема музика во
позадина.

Гравитација: Не е само добра идеа. Закон е.

Ти! Надвор од мојата планета!

Грешки беа направени. Други ќе бидат
виновни.

Внимание: Датумите на календарот се
поблиску отколку што изгледаат.

Не сум луд, само сум лошо расположен
последните 30 години.

Не можам да се сетам дали сум добриот
близнак или лошиот.

Никаде нема место како 127.0.0.1

Земјата е преполна. Одете си дома.

Ако сакаш доручек во кревет, спиј во
кујната.

Првата Национална Банка на Тато: Sorry,
we're closed.

Во кучешки години, јас сум мртов!

Порано бев шизофреничен. Сега сме во ред.

Се што не е вредно да се направи, не е
вредно да се направи добро.

Староста доаѓа во незгодно време.

Ако одењето во црква ве прави Христијанин,
дали одењето во гаража ве прави кола?

Некои луѓе се живи само затоа што е
нелегално да ги убиеш.

Што би направил Ердо?

Напорната работа се исплаќа во иднината.
Мрзата се исплаќа веднаш.

Господ мора да сака глупави луѓе. Створил
толку многу.

Смејте се, тоа е втората најдобра работа
што може да ја правите со усните.

Направив тест на интелигенција и резултатите
беа негативни.

Осамен сум на врвот, ама јадам подобро.

Што би направил Исус?

Будност. Досадното време помеѓу спиењето.

Свири ако сакаш да ми го видиш прстот.

Жена ми се жали дека никогаш ја слушам (или
нешто слично)

Veni, Vedi, Visa: Дојдов, Видов, Пазарев

Ако не успеете од прва, наречете го 1.0
верзија

Возачов на колава нема пари со себе. Во
брак е.

Внимавајте на идиотов позади мене.

Караоке баровите ги комбинираат двете
најголеми зла – луѓе што не би требало да пијат со луѓе што не би требало да
пеат.

Свири ако не сакаш мир и тишина.

Имам тело на Господ. Буда.

Глуп си!

Никогаш не пропуштај добра шанса да
замолчиш.

Има 10 видови на луѓе. Тие што разбираат
бинарно и тие што не разбираат.

Не се мачи да свириш и да светиш со
фаровите. Глув сум и слеп.

Никогаш не чукај на вратата на Смртта.
Зазвони и бегај, многу го мрази тоа.

Вегетаријанец: Индијански збор за лош
ловџија.

 

Симнете го овој фајл во PDF формат спремен
за печатење или праќање преку e-mail.

- Реклама -