Најдобри автомобили на старо во 2012: Ford Fiesta, Opel Astra и Audi A4

Opel Astra и Audi A4 се најдобрите користени автомобили во 2012 според извештајот на DEKRA. Автомобилот со најдобар индекс на дефекти („Најдобар индивидуален ранг“) е Opel Astra (DEKRA индекс на грешки: 96.9%).

Opel Astra H

Ова ја става Астрата пред минатогодишниот победник, Opel Insignia (96.0%) и Renault Mégane (95.9%). Во втората категорија („Најдобар во сите класи“) Audi A4 ја освои титулата како возило кое има најдобра вредност низ сите групи на километражи. На второ и трето место се пласираа Mercedes-Benz C Class и трикратниот победник, Audi A6.

Opel Insignia

Извештајот на DEKRA е основан на податоци од повеќе од 15 милиони периодични главни проверки извршени во последните 2 години.

Renault Mégane II

“Целта на овој извештај за користени автомобили е да се постигне објективност и да му се помогне на потенцијалниот купувач при избор на автомобил на старо, со детални информации за типичните дефекти на индивидуални модели “ – вели Клемекс Клинке, член на одборот на DEKRA.

Фокус на дефекти типични за користени автомобили

DEKRA во својот извештај пријавува само дефекти кои се специфични за користени автомобили, како потрошени дискови за кочење или лагери. Грешките кои откриваат како индивидуално возило било одржувано, како на пр. излижани гуми или брисачи не се зема предвид. За да ја подобри компатибилноста на индивидуалните модели DEKRA врши проценка на осум класи возила и три групи километражи (0 до 50,000 km, 50,001 до 100,000 km и 100,001 до 150,000 km).

Најчести дефекти на користен автомобил

Електрониката и светлата водат во статистиката со 19.7%. Но, во поглед на трошоци, дефектите со дисковите за кочење (11.8%), шасијата и дефекти во управувањето (9.6%), проблеми со моторот како и дефектите поврзани со околината (8.3%) се поважни. Инспекторите на DEKRA ги спомнуваат истрошените лагери, дискови за кочење, облоги за кочење, дефектно кочење, дефектни црева за кочење, кородирани облоги за кочење, губење на масло од моторот и преносот, пукнатини во амортизерите, претерана количина на издувни гасови и подесување на фаровите како најчести индивидуални дефекти.

Најважно е добро да ги отворите очите кога купувате автомобил на старо.

Корозијата игра мала улога

Ford Fiesta Mk7

Корозијата не е толку честа како пред 10 или 20 години. Денес, корозијата се помалку се јавува како еден од главните дефекти, но сепак може да се појави, па така најчесто ќе ја сретнете под каросеријата, на дисковите за кочење, цревата за кочење и гориво.

Како и секоја година, индивидуалните модели се натпреваруваат за позиција на подиумот. Во категоријата на мали автомобили, Ford Fiesta повторно е на врвот (95.3% индекс на дефекти). Во компактната категорија, Opel Astra (96.9%) e на прво место, а во средната категорија на прво место се наоѓа минатогодишниот победник Opel Insignia (96.0%). Во повисоката средна класа Mercedes-Benz E Class (94.8%) е на пиедесталот. Во категоријата спортски автомобили на старо, трет пат по ред победува Mazda MX 5 (89.9%). Во оф-роад/SUV категорија Ford Kuga (94.7%) води, додека во категоријата хечбек VW Golf plus (90.5%) извојува убедлива победа по втор пат со најдобриот индекс на дефекти.

Прочитајте и:  Пад на продажбата на автомобили во Европа

Најдобар низ сите километражи

Audi A4

Покрај возилата со најдобар индивидуален ранк, експертите на DEKRA прогласија и „Најдобар во сите класи“ каде сите модели со просечен индекс на дефекти низ трите групи на километражи (0 до 50,000 km, 50,001 до 100,000 km и 100,001 до 150,000 km) беа во конкуренција. Audi A4 е на самиот врв и е најдобар ни сите класи и километражи (82.8%). Mercedes-Benz C Class (82.1%) е на второто место, додека на третото е Audi A6 (81.9%), кој во оваа категорија победуваше три пати досега, но мораше да ја препушти круната на својот помал брат.

И комбињата се дел од овој извештај

VW Crafter

VW Crafter го освои првото место со индекс на дефекти од 75.3%, следен од минатогодишниот победник Mercedes-Benz Sprinter (72.9%), а Fiat Ducato заврши на третото место со индекс на дефекти 71.2%.

Германските производители го поставуваат стандардот

Извештајот на DEKRA за користени автомобили покажува дека германските автомобили ги имаат најдобрите оценки за квалитет и постојаност. Во шест наврати автомобили произведени во Германија се на првите места во седум категории. Тие исто така обезбедија 14 од 21 место на подиумот. Јапонските производител се помеѓу најдобрите три во шест групи. Renault Mégane ја спаси честа на французите во индивидуалниот ранг. VW, Audi, Toyota, Mercedes-Benz, Porsche и BMW беа силно застапени на врвот. Ford, Honda, Mazda и Opel исто така добија добри оценки.

И користен автомобил може да биде добар автомобил

Конечно, ако купувате автомобил на старо можеби овој извештај ќе ви помогне да одберете. Дали е пристрасен или не поради тоа што доаѓа од Германија не можеме да судиме бидејќи не сме експерти за автомобили, но веруваме дека со одредена точност ја опишува состојбата на автомобилите на користениот пазар (во Германија, па и во Македонија – доколку редовниот сервис е запазен).

Имате информации кои би можеле да им помогнат на нашите читатели што сакаат да купат автомобил на старо? Каков автомобил на старо би купиле вие? Коментарите подолу се отворени.

- Реклама -