Освежителни и вкусни, следниве шест видови храна ќе ви ја зачуваат добрата линија, ќе ви ја зголемат енергијата и ќе ви го подобрат здравјето. Добрата вест за сите нас е дека во најдобрата летна храна спаѓа и половина шопска салата 🙂
Освежителни и вкусни, следниве шест видови храна ќе ви ја зачуваат добрата линија, ќе ви ја зголемат енергијата и ќе ви го подобрат здравјето. Добрата вест за сите нас е дека во најдобрата летна храна спаѓа и половина шопска салата 🙂
Боровинките се наоѓаат на скоро сите листи на супер храна. Не само што ги топат мастите на стомакот, туку и се преполни со антиоксиданси, богати со витамин Ц и А, спречуваат уринарни инфекции, а содржат и флавоноиди што спречуваат појава на рак на јајниците. Боровинките се и одлични за подобрување на работата на дигестивниот систем.
Ладна диња во жежок летен ден не само што е вкусно освежување, туку и исполнување на дневната потреба од витамините А и Ц. Богата со бета каротин, дињата ги штити и видот и белите дробови. А покрај тоа, не мора ни да се грижите дека овој десерт ќе ви ја наруши линијата.
Вкусните слатки малини се полни со антиканцерогени материи и богати и со минералот манган кој ја забрзува работата на метаболизмот. А една порција малини дава и третина од дневната потреба од диететски влакна.
Добри се за срцето, белите дробови и очите. Неверојатно богати со антиоксидантските витамини Ц и А, а содржат и
неверојатно малку калории.
Не заборавајте на Попај! Спанаќот го штити срцето и ве чува од депресија. Една порција готвен спанаќ дава 35% од препорачаното количество железо. Богат со витамин К, Б и фолна киселина, спанаќот особено им се препорачува на бремени жени.
Доматите ја зголемуваат способноста на кожата самата да се штити од негативните зрачења. Го намалуваат крвниот притисок и ја спречуваат појавата на рак на панкреас и гради. Покрај тоа што содржат антиоксиданси, доматите го намалуваат и холестеролот.