За да би го спречиле губитокот на косата, да ја зајакнете нејзината структура и да го поттикнете растот, потребно е да ја направите оваа исклучително хранлива маска за коса, и да ја користите еднаш до два пати неделно.
Состојки:
– 1 ампула од витамин Б6 (Bedoxin) (се продава во аптеките)
– 1 ампула од витамин Б12 (OHB12) (се продава во аптеките)
– 1 г. витамин Ц во прав (се продава во аптеките)
– 1 лажица на рицинусово (или чичково) масло
– 1 лажица мед
– 2 лажици балзам за коса
Подготовка и начин на употреба:
Помешајте ги сите производи додека не добиете еднолична смеса. Нанесете ја на немиена коса, најпрво на коренот, а потоа распоредете ја и по целата должина. Ставете на главата најлонска кеса и обвиткајте ја со пешкир или капа за да го постигнете „сауна“ ефектот. Маската држете ја на косата еден час. Косата измијте ја на вообичаениот начин.
Маската лесно се плакне, а ефектот кој и го дава на косата е веднаш забележлив.
Совет:
Наместо ампула, можете да користите и квасец, кој е еден од најбогатите извори на Б-комплекс.