УЕФА го објави списокот од 32 кандидати за најдобар играч на Европа за минатата сезона. Најмногу кандидати има Реал Мадрид (седум), Манчестер Сити го претставуваат шест фудбалери, а пет има од Барселона.
Најголемо изненадување на листата е фудбалерот за врска на велшкиот Бангор Сити, Лесли Дејвис кого го номинираше новинарски панел од 53 земји членки на УЕФА. Победникот ќе биде објавен на 30 август на церемонијата на ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, а две недели пред тоа ќе се знаат имињата на тројцата конкуренти за потесниот избор.
Кандидатите се: Серхио Агуеро, Марио Балотели, Винсент Компани, Јаја Туре, Давид Силва, Џо Харт (Манчестер сити), Чаби Алонсо, Икер Касиљас, Фабио Контрао, Мезут Озил, Пепе, Серхио Рамос, Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Цеск Фабрегас, Андрес Иниеста, Леонел Меси, Чави (Барселона), Џанлуиџи Буфон, Андреа Пирло (Јувентус), Петер Чех, Дидие Дрогба, Франк Лампард, Фернандо Торес (Челзи), како и Јакуб Блашчиковки, Шинџи Кагава (Борусија Дортмунд), Радамел Фалкао (Атлетико Мадрид), Раул Гонзалес (Шалке 04), Лука Модриќ (Тотенхем), Лесли Дејвис (Бангор), Вејн Руни (Манчестер Јунајтед), Робин ван Перси (Арсенал) и Златан Ибрахимовиќ (Милан).