Најден лек за ќелавост

ќелавостНекои од најголемите научни откритија биле ненамерни. Сега научниците објавуваат дека уште еднаш ненамерно дошле до значајно откритие. Лек за ќелавост. Иако моментално само кај глувци. Сепак, откритието – кое опфаќа хемиско соединение кое блокира стрес хормон – би можело да е лек за ќелавост и кај луѓето.

Истражувачите поднеле барање за патент за користењето на соединението за повторно растење на коса. „Ова би можело да создаде нови шанси за третман на губење на коса кај луѓето преку модулација на рецепторите на стрес хормонот, особено кај ќелавост предизвикана од хроничен стрес и стареење“ изјавил Милион Мулугета, професор по медицина од Универзитетот од Калифорнија.

Научниците ја тестирале поврзаноста помеѓу стрес и гастроинтестиналниот тракт, и откако престанале да ги набљудуваат глувците околу два месеци забележале дека крзното им пораснало. Истражувачите не можеле да забележат разлика помеѓу нив и глувците кои не биле подложени на стрес. Истражувањето опфатило тимови од Универзитетот во Калифорнија, Салк Институтот за Биолошки Истражувања и Универзитетот за Здравје и Науки од Орегон.

Прочитајте и:  На 24ти јуни во музичката историја

Научниците користеле глувци кои биле генетски модифицирани да создаваат дополнителни стрес хормон. Како стареат овие глувци го губат крзното и со тек на време се целосно ќелави. Истражувачите од Салк Институтот развиле пептид наречен astressin-B, кој го блокира дејството на стрес хормонот, и тимовите го инјектирале овој пептид во ќелавите глувци. Тие воопшто не мислеле на ќелавоста – сакале да тестираат дали astressin има некакво влијание врз гастроинтестиналниот тракт на глувците. Првата инјекција не постигнала ништо, па тимот во текот на следните пет дена им дал дополнителни инјекции на глувците.

Околу три месеци подоцна, истражувачите сакале да направат дополнителни гастроинтестинални тестови, но не можеле да ги најдат глувците. Морале да ги проверуваат идентификационите броеви на животните за да бидат сигурни дека резултатите се вистинити. [Researching stress, scientists may have accidentally found baldness cure]

- Реклама -