МВС и НАСА по грешка објавија вознемирувачка снимка

НАСА и МВС на Јутјуб емитуваше аудиоснимка во живо што покажува како член на екипажот страда од последиците од декомпресивна болест.

На снимката, женски глас бара од екипажот „да го врати командантот во костимот“, да му го провери пулсот и да му даде кислород, а подоцна вели дека прогнозата за неговото здравје е „лоша“. Неколку ентузијасти го објавија линкот на „Х“ предупредувајќи дека има сериозна вонредна состојба на Меѓународната вселенска станица (МВС).

За среќа, се работи за симулација којашто не требало да стигне до јавноста и објавата на снимката е по грешка. Во соопштението се нагласено дека на МВС нема вонредна состојба!

„Ова аудио е ненамерно и погрешно пренасочено од тековната симулација во којашто членовите на екипажот и копнените тимови се обучуваат за различни сценарија во Вселената и не се работи за вистински итен случај“, соопшти контролата на мисијата на МВС.

Прочитајте и:  Откриен чист сулфур на Марс, научниците збунети за неговото потекло

Декомпресивна болест е онаа предизвикана од меурчиња од азот или други гасови во крвотокот поради промените во атмосферскиот притисок. Ова може да влијае на централниот нервен систем и тоа може да води кон смрт.

- Реклама -