Најчудните мајки во светот на природата

Едно е сигурно – улогата на мајката е многу важна во животот на младите животинчиња, колку и во животот на бебињата. Што е тоа што мајките од светот на животните го прават поинаку од нас?

1. Кукавица

Кукавиците се досетиле како да се грижат за младенчињата и да им ги препуштат на своите соседи. Имено, мајките кукавици своите јајца ги оставаат во гнездото на други птици. Кукавиците излегуваат први, тие ги бркаат другите малечки и така се здобиваат со целото внимание на своите старатели.

2. Сивиот кит

Понекогаш мајките во животинскиот свет мораат да препливаат седум мориња за да ги заштитат своите деца. Сивиот кит мигрира што подалеку од студениот Артктик, кој е сиромашен со храна, се до тропските обали на Мексико, каде што се пораѓа. Исто така, сивиот кит патува во потопла вода за да ги заштити своите малечки. Младите го цицаат мајчиното млеко, кое содржи 53 проценти масти и им помага да создадат изолационо сало, кое ќе ги заштити од студот кога ќе се вратат во студената вода.

l

3. Женскиот пајак

За поголем број видови на пајаци парењето значи крај на животниот век, но за неколку видови пајаци кои припаѓаат на редот Stegodyphus смртта не доаѓа веднаш – дури откако мајките не направат нешто неверојатно. Женките, ги испуштаат своите пајачиња. Потоа, мајката им носи храна, а откако тие ќе наполнат еден месец, мајката лежи на грбот и им дозволува да ја убијат и изедат.

4. Отровна жаба

Кога станува збор за мајчинството, женката отровна жаба сигурно спаѓа во најчудните мајки во животинското царство. Откако ќе снесе јајца, жабата своите малечки ги носи на врв на дрво, а потоа наоѓа извори вода за секој полноглавец поединечно и ги храни меѓу шест и осум седмици за да не се изедат едни со други.

kiss6

5. Кокошка

Кокошките многу сериозно ја сфаќаат својата мајчинска улога. За лушпата да биде доволно силна, а кокошките не внесуваат калциум во организмот, тие ги раствараат сопствените коски, благодарение на што нивните бебиња добиваат силна лушпа.

- Реклама -