Кога не сте задоволни од сопствениот изглед, а не правите ништо околу тоа, повеќе од сигурно е дека имате добар изговор за тоа. Прочитајте некои од најчестите изговори и што всушност се крие зад нив.
Кога не сте задоволни од сопствениот изглед, а не правите ништо околу тоа, повеќе од сигурно е дека имате добар изговор за тоа. Прочитајте некои од најчестите изговори и што всушност се крие зад нив.
„Немам време за вежбање“
Во суштина, никој нема време во хаосот на денешното општество. Но, здравите навики се последното нешто од што треба да се откажете. Доколку не се грижите за себе, тогаш ќе имате помалку енергија и помала ефикасност во извршувањето на другите обврски.
„Немам пари за теретана и здрава храна“
Постојат едно чудо вежби кои можете да ги правите и дома. Од оние наједноставните, па сѐ до некои посложени кои можете да ги најдете лесно на интернет. А што се однесува до здравата храна, замислете колку повеќе пари ќе ви отидат доколку треба да купувате лекови за дијабетес до крајот на животот.
„Колачињата што ги имам дома не ми даваат мир“
Едноставно, ако не можете да се контролирате, не чувајте благо и грицки во домот. Купете си здрава храна, па дури и ако паднете во искушение, штетата нема да е голема.
„Вежбањето бргу ми станува здодевно“
Имајте си зацртана цел зад вежбањето. Местото до кое што сакате да стигнете секогаш ќе ви послужи како моќна мотивација, барем додека вежбањето не ви стане навика. Потоа, веќе е лесно.
„Каучот е толку удобен“
Ако ви е потребен одмор од неколку дена, тогаш направете го. Преморувањето никогаш не е добра идеја. Само не заборавајте по тие неколку денови да се вратите на првобитниот план.