Најбрзото копнено возило

возилоПред само еден век, ако некој речел дека за само 50 години луѓето ќе се движеле со брзина на звук, сигурно ќе бил пратен во лудница, но до пред десетина години Конкорд редовно пренесуваше патници од Лондон до Њујорк за околу три и пол часa. И иако суперсоничните авиони се нешто вообичаено уште од легендарниот лет на Чак Јегер во 1947, автомобилите се сè уште далеку. Или не?

Пред само еден век, ако некој речел дека за само 50 години луѓето ќе се движеле со брзина на звук, сигурно ќе бил пратен во лудница, но до пред десетина години Конкорд редовно пренесуваше патници од Лондон до Њујорк за околу три и пол часa. И иако суперсоничните авиони се нешто вообичаено уште од легендарниот лет на Чак Јегер во 1947, автомобилите се сè уште далеку. Или не?

возило

Ова е Bloodhound SSC, кога ќе биде завршен, за погон ќе биде опремен со млазен и ракетен мотор кои заедно ќе произведуваат 21545 килограми потисок. Пензионираниот пилот од британската авијација кој планира да го управува се надева дека ќе достигне брзина од 1600 километри на час.

Тимот кој го произведува ова возило сè уште го нема тестирано. Бидејќи само што почнале да го градат, но речиси се сигурни дека ќе биде успешно. Ова возило во основа е авион ловец без крила, и не постои поинаков начин да се опише нешто што може да помине 470 метри во секунда.

возило

Дизајнерот Ричард Ноубл и пилотот Енди Грин се запознати со ваквите неверојатни брзини. Во 1997 возилото Thrust SSC дизајнирано од Ноубл и пилотирано од Грин во пустината во Невада постигнало 1227,98 километри на час. Сега тие сакаат да додадат уште 378 километри на час на таа  бројка.

За да го постигнат тоа, решиле да комбинираат Eurojet 2200 млазен мотор и хибридна ракета. Планот е да се постигне брзина од околу 480 километри на час со млазниот мотор а потоа ракетата да дотурка до 1600 километри на час. Според пресметките на Ноубл за ова ќе бидат потребни 42 секунди. Во возилото ќе биде сместен и V12 мотор од 800 коњски сили кој ќе го стартува млазниот мотор и ќе го пумпа горивото за ракетата.

возило

Аероданимиката е исто така многу важна, па затоа Ноубл има поминато три години на дизајнирање на ова возило долго 12 метри. Возилото ќе тежи речиси шест и пол тони и ќе биде поставено на титаниумски тркала со дијаметар од 90 сантиметри.

Британци го држеле копнениот брзински рекорд 58 од 111-те години откако француски гроф постигна неверојатни 62 километри на час во париско предградие. Но не се работи само за престиж, Ноубл и Грин се надеваат дека овој подвиг ќе ги поттикне децата да се заинтересираат за математика, физика и инженерство.

Ако сè оди според планот, ова возило би требало да се обиде да постави нов рекорд на пресушено езеро во Јужна Африка во 2012. [Официјален сајт]

- Реклама -