Audi понуди информации за специјалната серија R8 Coupe V10 plus „selection 24h“, од која ќе бидат произведени само 24 парчиња.
Изработено врз основа на R8 Coupé V10 plus, моделот selection 24h располага со 5.2 литарски V12 мотор со максимална моќност од 610 коњски сили. Со можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди и максимална брзина на движење од 330 km/h, новиот предлог на Audi се претвора во најбрзото и најмоќно остварување во целата историја на марката. R8 Coupe V10 plus „selection 24h“ доаѓа со нов развиен систем за погон на четири тркала, оптимизирани суспензија и аеродинамика, како и голем број на други конструкциски и инженеринг решенија позајмени од тркачкиот R8 LMS.
Нарачки за купување на Audi R8 Coupe V10 plus „selection 24h“ веќе се прифаќаат, а цената за Германија изнесува 230.000 евра.