Bentley објави дека за време на меѓународниот салон за возила во Детроит, што ќе се одржи во средината на месецов, ќе има премиера на Continental GT Speed Convertible- најбрзиот кабриолет со четири седишта во светот.
Луксузниот отворен автомобил е опремен со 6,0 литарски, W12 мотор со максимална моќност од 616 КЅ и вртежен момент од 800 Nm и систем за погон на сите четири тркала. Тој е во спрега со осумстепена роботизирана менувачка кутија.
Bentley Continental GT Speed Convertible е во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за 4.4 секунди, од 0 до 160 km/h за 9.7 секунди и да развие максимална брзина на движење од 325 km/h.
За конструкцијата на возилото се користени лесни легури и јаглеродни влакна, со цел намалување на тежината, а согласно потребите има одредени модификации и во внатрешноста.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус