Најбаксузниот фудбалски тим (видео)

епско промашувањеРечиси секој фудбалски фан го знае чувството дека навива за најбаксузниот тим. Во моментите кога покрај се што прават фудбалерите едноставно не можат да постигнат гол. Но за разлика од повеќето фанови, навивачите на грчкиот второлигаш Вериа имаат видео доказ.

Во натпреварот против Левадиакос, кога фудбалерите на Вериа се најдоа пред голот, и покрај тоа што ниту еден од играчите на Левадиакос не ја допре топката, тие сепак успеаја да промашат 5 последователни шанси. Натпреварот завршил со минимален пораз на Вериа.

{youtube}dV8ozxliySQ{/youtube}

- Реклама -