Над 80 проценти од возилата во 2016, ќе бидат поврзани со интернет

Во моментов 20% од новите автомобили нудат пристап до интернет, но целта е во 2016 година оваа бројка да достигне 80%. Ова го соопшти Матијас Висман, претседател на Здружението на автомобилската индустрија (VDA) во Европа.

Тој зборуваше, на оваа тема, за време на состанокот на претставници на производителите во Франкфурт. Според Висман за оваа цел автомобилската индустрија ќе инвестира меѓу 16 и 18 милијарди евра. Тие сепак се целосно оправдани, бидејќи можноста за поврзување меѓу самите автомобили се очекува да намали барем половина сообраќајните несреќи.

– Иднината е токму во поврзување меѓу возилата. Новите автомобили се компјутери на тркала, кои ќе го распоредат својот огромен потенцијал, токму откако ќе бидат поврзани со другите учесници во сообраќајот, тврди и претседателот на врвно технолошката компанија Bitkom, Дитер Кемф.

Шефот на VDA, воедно ги повика и законодавците во Европа да помогнат за синхронизацијата на компјутерите во автомобилите. Односно, да може системите на индивидуалните производители да се користи во различни држави.


– Во моментов немаме објаснувања за нашите клиенти дека кога ја напуштат државата со својот автомобил, тие не можат да користат некои од функциите и тоа станува се посериозен проблем, објасни Висман.

Од своја страна Матијас Висман даде пример со спортските автомобили на Ferrari кои веќе се опремени со системот CarPlay на компанијата Apple.

- Реклама -