Ford успеа да ги изненади своите фанови во Детроит со уште едно специјално моќно издание. Покрај ѕвездата Ford GT, на штандот на брендот може да се види и Ford F-150 Raptor.
Возилото има препознатлив дизајн со доста спортски акценти, а производителот го декларира како „ултимативен пикап со огромни можности“. Компанијата засега не понуди многу детали околу техничкиот дел на моделот, но сепак рече дека тој ќе се движи од оптимизирана верзија на 3.6-литарски V6 EcoBoost мотор. Моќноста ќе е поголема од онаа на V8 агрегатот на претходникот, што значи дека новиот Raptor ќе има над 411 КЅ. Моторот работи со 10-брзински автоматски менувач кој испраќа момент и до сите четири тркала.
Ford соопшти дека моделот ќе влезе во сериско производство некаде во есента 2016 година, а цените допрва треба да бидат објавени наскоро пред промоцијата на пазарот.