„Не очајувајте другари, долг е патот на борбата!“, порачува Димитар Апасиев на Фејсбук, претседател на Левица, која освои два пратеника во Собранието, а како што вели тој, се бори и за трет, во Изборна единица 2.
„Мојот земјак, велешанецот Панко БРАШНАР беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор…
Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро ГЛИГОРОВ. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе ‘суверена, самостојна и независна Република Македонија’ <3 “, пишува Апасиев, притоа најавувајќи дека на следните избори Левица ќе има двоцифрен број пратеници:
„Ноќеска им го пробивме системот! Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И сѐ така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува ‘будалите’.
p.s. Денес ќе имаме прес, ќе ги изложиме сите наши ставови. ГЛАВАТА ГОРЕ. И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! И тек сега почињаме“, порачува Апасиев.
Честитки Левица доби и од Стојанче Ангелов од Достоинство. Тој признава дека двата пратеника се огромен успех за партијата и го потсети Апасиев дека треба да части кафе – алудирајќи на нивната дебата во „Само вистина“, кога двајцата се шегуваа кој од нив ќе стане пратеник и кој кого ќе го покани во Собранието на кафе како гостин. Во емисијата, Ангелов изрази искрена надеж дека Левица ќе успее да добие пратеници бидејќи „потребна е свежа кpв“, но категорично тврдеше дека шансите се исклучиво мали за една мала партија така да се пробие.
„Димитар Апасиев, наместо професор, пратеник стана. Во држава како нашата, со изборен модел како нашиот, подвиг е да се освои еден пратеник, дупол подвиг – два пратеника, неверојатен подвиг 37.420 гласови. Честитки до Левица! Професоре, кафето во Собрание го честиш ти!“, порача Ангелов.
Димитар Апасиев, наместо професор, пратеник стана.
Во држава како нашата, со изборен модел како нашиот, подвиг е да се освои еден пратеник, дупол подвиг – два пратеника, неверојатен подвиг 37.420 гласови.
Честитки до Левица! Професоре, кафето во Собрание го честиш ти!— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) July 16, 2020