Првични резултати: Еве како ќе изгледа дистрибуцијата на пратенички мандати во Парламентот

Според последното ажурирање на податоците на платформата на ДИК, од обработени 96.71% гласачи и 99.40% од избирачките места, најмногу гласови има освоено коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Беса.

За Коалицијата „МОЖЕМЕ“ гласале 316,952 граѓани, односно 36% од оние што го искористиле своето право на глас.

ВМРО-ДПМНЕ (и други) има освоено 305.595, односно 34.71% од гласовите.

ДУИ има освоено 101.069, односно 11.48% од гласовите.

Алијанса за Албанците/Алтернатива има освоено 76.197 гласови, односно 8.65% од гласовите.

Левица има освоено 36.381, односно 4.13% од гласовите.

ДПА има освоено 13.512, односно 1.53% од гласовите.

Интегра има освоено 11.934, односно 1.36 од гласовите.

Останатите имаат освоено по помалку од 0.5% од гласовите.

Според овие првични резултати, според симулацијата на  пратенички мандати на ДИК, дистрибуцијата во парламентот изгледа вака:

Коалиција „МОЖЕМЕ“ – 46 мандати
ВМРО-ДПМНЕ – 44 мандати
ДУИ – 15 мандати
Алијанса за Албанците/Алтернатива – 12 мандати
ЛЕВИЦА – 2 мандати
ДПА – 1 мандат

 

- Реклама -