На какви тестови е подложен iPhone пред да биде пуштен на пазарот

iPhone 6 е еден од најпродаваните телефони на Apple, но пред да стигне до потрошувачите тој поминува низ низа тестови, што го гарантираат претставувањето на совршен производ.

До централата на технолошкиот гигант во Cupertino се наоѓа зградата за тортура во која новите модели се подложени на што ли не – од  тестови на паѓање до свиткување…

„Ние развивме производ кој ќе биде исклучително сигурен за  употреба кај потрошувачите.”, вели Фил Шилер, потпретседател на маркетинг на производите на компанијата.

Apple вели дека iPhone 6 е изработен од челик / титаниумски плочи лоцирани во потенцијалните точки на напон. Од компанијата, исто така, велат дека iPhone 6 поминал низ стотици тестови, вклучувајќи и носење во џеб од илјадници вработени на Apple, пред тој да стигне до потрошувачите.

„IPhone 6 и 6 Plus се тестирани. Со додавање на се повеќе функции ние треба да ги најдеме слабите места пред потрошувачите да го направат тоа”, вели Дан Ричи, постар заменик претседател на хардверско инженерство.

1 2

Машините вршат притисок врз телефонот во методични серии на повеќе наврати. При тестот за виткање се користат 25 килограми, со тоа што притисокот се применува на врвот на екранот. До машината која го прави тоа, има мал сет на тегови, но Ричи вели дека ова не е максималната тежина, која што iPhone може да ја издржи, односно она со кое што телефонот може да се справи, враќајќи се кон оригиналната форма, без да се деформира.

Смартфоните преминуваат и  т.н. тест при седење, кој го симулира стресот, на кој се подложени iPhone-ите, кога се наоѓаат во нашите џебови. Има тест и за она што Apple го смета за најлошото сценарио – кога уредот е во задниот џеб и се седне под агол на тврда површина.

Потпретседателот исто така додава дека многу повеќе тестови се прават во Кина, каде производите поминуваат низ финални чекори пред да бидат пуштени во масовно производство.

За крај, погледнете неколку фотографии направени во „собата за тортура“

3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14

- Реклама -