На Дара Бубамара ѝ била дадена прва помош на аеродром

Српската пејачка Дара Бубамара добила итна медицинска помош на аеродромот „Никола Тесла“, откако по враќањето од Цирих изгубила свест.
Како што пренесува „Alo.rs“, фолк ѕвездата се враќала од настапот во Швајцарија, а ѝ се слошило поради исцрпеност и диетите на кои е веќе неколку недели.

Dara Bubamara

 

„Дара се враќаше од Цирих и цел пат се жалела на пријателот со неа дека не се чувствува добро и дека има вртоглавица. Стјуардесата ѝ понудила оброк за да се освежи, но Дара го одбила со објаснување дека е на диета. Поради тоа сигурно ѝ се слошило, бидејќи штом ја поминала пасошката контрола, таа се онесвестила“, наведува еден извор за „Alo“.

Стрјуардесите веднаш ѝ помогнале додека не пристигнала итната помош, која пак ја пренела до Ургентниот центар, каде добила медицинска помош.

„Овие денови сум на специјален режим на исхрана, ослабев шест килограми и поради тоа малку ми е паднат имунитетот. Добив инфузија и сега ми е подобро“, рекла Дара.

- Реклама -