Во текот на вчерашниот ден (06.10.), во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, Министерството за внатрешни работи санкционирало прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат меѓуградски превоз на патници.
Како што информираат од МВР, санкционирани биле 28 возила, од кои 23 поради неисправен уред за сопирање. Кај останатите се утврдени други неисправности.
Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци, велат од Министерството, и најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.