Мурињо: Ако на Манчестер сити му ја одземат титулата, Манчестер јунајтед ќе ми должи бонуси

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека доколку на Манчестер сити му се одземат бодовите и титулата во Премиер лигата 2017/18 им биде предадена на „црвените ѓаволи“, клубот ќе мора да му исплати бонуси.

– Мислам дека се уште имаме шанси да го освоиме шампионатот, бидејќи можеби лигата ќе го казни Манчестер сити и ќе му ги одземе бодовите, а потоа ќе станеме шампиони. Потоа ќе треба да ми платат бонуси и да ми испратат медал, изјави Мурињо за „Sky Sports“.

Тренерот исто така истакна дека си заминал од клубот со добри чувства кон него и му посакува се најдобро.

Во февруари оваа година, Премиер лигата објави дека Манчестер сити е обвинет за погрешни информации за приходите на клубот од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18. Дополнително, „граѓаните“ доставија лажни информации за бонуси на играчите и стручниот штаб. 

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити
- Реклама -