Му падна кош на глава (видео)

Репрезентативецот на Парагвај – Алехандро Пералта, нема по добро да го памети мечот против Аргентина во квалификациите за Светското првенство во кошарка во Кина 2019 година.

Уште на самиот старт на натпреварот, Маркос Делија одлично истрча во контра и ја заби топката во кошот (прилично млако во споредба со тоа што го гледаме во НБА), затресувајќи ја целата конструкција.

Пералта тргна да изведе, ама конструкцијата му падна на глава. Пералта помина без тешки повреди , ама заврши на шиење на главата.

 

- Реклама -