По само еден поглед на фотографијава ќе чкрипнете со забите, за момент замислувајќи си ги сите можни ужаси што би можеле да придонесат за една ваква просторија да биде прекриена во крв. Убиство? Мачење? Полициско испрашување? Борба со ладно оружје?
Всушност, се работи за многу поневознемирувачка и повообичаена ситуација. Просторијата на фотографијата е дел од една ветеринарска ординација во која бил донесен коњ со обилно крварење од носот.
Во право сте, има толку многу крв. Но треба да се има во предвид дека просечниот човек тежи 80.7 килограми, додека просечен коњ тежи 550 килограми. Па така, не треба да не чуди што едно обично коњско крварење може да креира ваква хорор сцена.
Патем, по одредена интервенција крварењето било запрено, а коњот повторно е здрав како… коњ…