Ако сте размислувале за авантура на две тркала, но тоа ви предизвикува страв и потешкотии, размислете повторно.
Како што продажбата и производството на мотори од ден на ден се зголемува, така и бројот на љубителите на мотори и возењето на нив се повеќе зема замав. Иако порано се сметало дека моторџиите се само мото банди и се на работ од секое општество, денеска сликата е поинаква, затоа што може да се сретнат секакви видови на луѓе вклучувајќи жени, професионалци, обични луѓе кои уживаат во брзите возења.
Сè е поврзано со индивидуалноста и желбата, да доживееш еден дел од возбудата, за која не знаеш кога точно ќе ти се случи. Сите оние нови возачи кои сметаат дека треба да се најдат во мото светот, треба да почнат постепено да возат почнувајќи со кратки патувања, а потоа да прават големи обиколки со текот на времето.
Сè што ви е потребно е удобен мотор, добар баланс и чувство за авантура. Наоѓањето на вистинскиот мотор за поволна цена е уште еден клучен дел. Купувањето на мотор е еден емотивен процес, затоа што не секој возач може да си го дозволи финасискиот дел од договорот. Околу една третина од продажбата на новите мотори, е направена со заем и на кредит.
За сите оние кои се спремни за истражување на мото светот и започнување на паметен начин, експертите ги предлагаат следниве совети:
- Одлучете кој начин на возење најмногу ви се допаѓа. Можете да најдете најразлични типови на возење од крос (оф-роуд), возење на долги релации, па сè до спортско возење. Како планирате да возите, таков тип на мотор ќе ви треба.
- Одредете си го буџетот. Цената која што ќе ја платите за некој мотор ќе зависи од неколку фактори. На пример, убав мотор за патување, стар неколку години можете да го најдете во просек од 5.000 до 7.000 евра. Додека пак нов модел може да ве чини и 20.000 евра.
- Најди мотор кој ќе ти одговара. Започнете со истражување на разни марки, модели и стилови на интернет. Потоа посетете ги дилерите на мотори во вашата област. Запомнете дека и моторот со најкул изглед во светот, ќе заврши во вашата гаража да собира прашина, ако не ви е удобен кога го возите. Земете ја возачката дозвола и направете тест возење.
- Облека за таа пригода. Најди опрема која ќе те заштити и ќе се чувствуваш удобно. Новите текстилни фабрики за опрема нудат облека која е повеќе флексибилна, помалку тежи, отпорна на триење и заштитува. Не ги заборавајте чизмите, ракавиците и кацигата.
Кога веќе го купивте првиот (за вас) мотор, не влетувајте веднаш на тркачката патека со него. Со возењето мотор, многу е важно каде одите и како ќе стигнете до посакуваната дестинација, а сепак да биде безбедно и удобно. Еве ви дополнителни пет совети кои ќе ви помогнат во тоа:
- Не претпоставувајте. Многу често се случува да се исклучите од лентата додека возите, особено ако патот не е фреквентен. Но, секогаш држете око за нешто неочекувано што може да се случи, погледнете позади вас, не претпоставувајте.
- Внимавајте на брзината. Осигурајте се дека возите со брзина која ви дава доволно време да реагирате во одредена ситуација – особено кога е влажно, магливо, или замрзнато.
- Позиција. Кога сте на патот заземете ја средината и возете по средната линија за да можат да ве гледаат автомобилите позади и пред вас.
- Претекнување. Тоа е едно од најзадоволувачките работи кои можете да ги правите кога возите мотор посебно во густ сообраќај. Но, секогаш погледнувајте позади рамото да видите што прават возилата позади вас.
- Избегнувајте претекнување на крстосници и почитувајте ги поставените сообраќајни сигнали.
- Бидете видлив. На вашиот мотор со сигурност имате долги светла. Со нивна помош ќе можете подобро да гледате на патот, а и да бидете виден, па користете ги секојпат кога ќе ви се пружи прилика.
Објавено во соработка со Мотори.