Еден од најстарите производители на автомобили во Англија – Morgan, ќе ја одбележи 65-годишнината на моделот Plus 4 со спортска верзија, која е креирана во соработка со компанијата Cosworth.
Plus 4 се раѓа во 1950-та година и тоа е еден од ретките модели кој останале непроменети толку долго време. Навистина е тешко да се распознае штотуку излезениот од фабрика автомобил со таков од годината на неговото создавање. Лимитирана верзија ќе биде означена со симболите AR P4 и од неа ќе бидат произведени точно 50 парчиња.
Буквите AR во името доаѓаат од AR Motorsport, кои ќе одговараат за подобрувањата на оваа ограничена серија. Оригиналниот 2,0 литарски мотор располага со 154 коњски сили, но со помош на Cosworth, тој ќе има на располагање 225 „коњи“. Тоа е сериозна моќ и се очекува да има многу пријатен звук. Природно моќноста води и до нов систем за сопирање и нова прилагодлива суспензија.
Однадвор, освен црните фелни впечаток прават и новите LED светла и двете цевки на издувниот систем. Овој ретромодерен рачно склопен кабриолет ќе се продава по цена од 85.000 долари.