Морал да избере која ќе ја спаси: И новата и поранешната девојка скокнале од мост

Еден Кинез бил соочен со тежок избор кога во една расправија и неговата нова и неговата поранешна девојка скокнале во река, за да видат која од нив ќе ја спаси.

Ву Ксиа (21) раскинал со Џун Танг (20) откако ја сретнал Ронг Цао (22). Но, Џун не можела да се помири со тоа и постојано го малтретирала и му ја саботирала новата врска. Притиснат и од двете страни, Ву најпосле се согласил да се сретнат со бившата и да ги разјаснат дилемите.

ad_163361746

Кога средбата помеѓу тројцата конечно се остварила, на реката Нингбо, ситуацијата ескалирала од лоша во полоша. Девојките почнале да се расправаат, а откако Џун се почуствувала навредена, скокнала во реката, повикувајќи го Ву да ја спаси. Новата девојка, пак, се исплашила дека тој навистина би можел да скокне да ја спаси, па и таа скокнала во реката, довикувајќи по Ву да и помогне.

Немајќи многу време да размислува за ситуацијата во која се нашол, Ву го решил проблемот скокајќи во реката и спасувајќи ја својата нова девојка, која веднаш потоа ја однел во болница. Во меѓувреме му се јавил на брат му за да дојде да и помогне на бившата, а тој пак наместо тоа ги викнал пожарникарите. Како и да е, Џун очигледно останала разорачана.

ad_163361875-e1426765184353[1]

Дека женската беља може да достигне вакви „височини“ не е новост. Но, она што е можеби најинтересно е што сето ова се случува во Кина, каде што невообичаено голем недостиг од жени, а премногу мажи. Сето ова се должи на кинеската политика на едно дете, а очекувано, родителите обично преферираат да имаат наследник (машко). Оттаму, огромен дел од машката популација има сериозен проблем да најде партнерка. Таквите како Ву, за кои дури две жени се спремни да скокнат од мост, не ја олеснуваат ситуацијата.

- Реклама -