Монитор кој гарантира приватност (видео)

мониторОтсекогаш сте сакале поголемо ниво на приватност со вашиот монитор а ако сте подготвени да уништите еден резервен LCD монитор и пар очила тогаш и ќе ја добиете вашата желба. Процесот е далеку од комплициран за секој кој би се чувствувал удобно со расклопување на електроника. Треба само да се расклопи пластичната рамка и со помош на остар скалпел да се отстрани поларизираниот филм.

По отстранувањето на филмот, потребно е да се отстранат остатоците од лепилото на стаклената површина по што мониторот може повторно да биде склопен. Во новото издание мониторот создава бела светлина без оглед на што е прикажано на него. За да може да го користите монтиорот отстранете ги леќите од пар очила и заменете ги со филмот добиен од мониторот. Сега само вие ќе можете да ја видите содржината на вашиот монитор а единствената опасност е фактот што вашите пријатели ќе се загрижат бидејќи седите со часови гледајќи во бел монитор.

{youtube}MgN4r1YufcI{/youtube}

- Реклама -