Моќта на крушата

Крушите се преполни со хранливи вредности. Исто така, тие се одличен извор на влакна, ги содржат витамините А, Б1, Б2, Ц, Е, како и фолна киселина. Богати се со бакар, фосфор и со калиум, со помало количество на калциум, железо и магнезиум, а освен тоа поволно влијаат и на многу од виталните органи. Еве зошто не смеете да ја пропуштите сезоната на крушите.

krusa5

1.Срце

Крушите се здрави за срцето, а срцевите заболувања се најголема причина за смрт во светот. Само една круша на ден може да ве заштити од мозочен или срцев удар. Крушите се богати со влакна кои помагаат срцето да остане здраво, но исто така го стабилизираат  крвниот притисок и го нормализираат нивото на лошиот холестерол.

krusa1

2.Мозок

Крушата поволно влијае врз мозокот. Само половина круша содржи 15 насто од дневната препорачана доза на бакарот и на минералите што го одржуваат нервниот систем и што ја зголемуваат менталната сила.

Крушите се одличен извор на фруктоза и на глукоза кои помагаат во одржување на енергијата преку целиот ден.

Прочитајте и:  Дури 80 проценти од мозочните удари може да се спречат - невролог откри како

krusa3

3.Дијабетес

Крушите помагаат во контролата на дијабетесот бидејќи имаат низок гликемиски индекс и на тој начин го спречуваат високото ниво на шеќерот во крвта. Ова овошје е одлично и за регулирање на телесната тежина од причина што има малку калории но богато е со хранливи состојки што го забрзуваат процесот на слабеењето но едновремено го стимулираат имунитетот.

4.Очи

Крушите содржат антиоксиданси и витамини и е една од најдобрите намирници што ги штитат очите. Истршувањата покажале дека редовното консумирање на крушите е значајно за намалување на ризикот од сенилната макуларна дегенерација.

krusa4

5.Карцином

Крушата е идеално овошје за превенција од карциномот. Поради високата концентрација на влакната крушите го спречуваат формирањето на различните видови карцином. Богати со антиоксиданси, тие ги штитат клетките од слободните радикали, а содржат и киселини што го спречуват настанувањето на ракот.

 

 

 

- Реклама -