Произведениот во 1925 година Bugatti Brescia постави несекојдневен светски рекорд, откако беше продаден за рекордна сума на аукција во Франција. Автомобилот ги минал последните 40 години во штала во едно мало француско село, но сега е дел од приватна колекција автомобили.
Машината беше понудена на аукција организирана од Artcurial Motorcars’Automobiles sur les Champs во Париз и се очекуваше да биде продадена за сума помеѓу 170.000 и 280.000 долари. На крајот, по наддавањето за возилото беа платени 915.216 долари, што е светски рекорд за модел Brescia.
Приказната за судбината на возилото е мошне интересна. Тоа користи шасија 2628, а е напрвен по нарачка на еден од најголемите фанови на Bugatti во почетокот на минатиот век – Бернард Терилион. Каросеријата е изработена рачно и од овој модел има вкупно 12 единици. Во неговата основа е всушност првиот модел произведен од Еторе Бугати во фабриката во Молшеим – Type 13.
Првиот автомобил од гамата блеснал во 1921 година и благодарение на спортски квалитети и импресивниот за тоа време мотор уште истата година ги зазел првите четири места во трката за Големата награда на Италија, што се одржала во Бреша. Првично Bugatti Type 13 e опремен со 1,4-литарски мотор со 4 вентили. Потоа вентилите се зголемени на 8 и 16, а од моделот до крајот на деценијата се произведени околу 2.000 единици.
За време на аукцијата во Париз беа продадени автомобили за вкупно над 12,7 милиони долари. Уште неколку автомобили запишаа рекордни достигнувања, откако станаа најскапите во историјата на своите модели – Porsche 911 S / T 2.3 од 1970 година беше продаден за 1.032.726 долари, Alpine A210 Le Mans race car од 1960 – 543.552 , Maserati Khamsin од 1976 – 312.588, Ferrari 308 GTB од 1978 – 230.964 и Fiat Dino 2400 Spider од 1972 – за 214.662 долари.