МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори, вклучително и од Договорот од Преспа

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република Северна Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа, но потсетува дека неговата имплементација е обврска и за двете страни.

-Воедно ја реафирмираме подготвеноста за искористување на сите можности кои ги нуди Договорот од Преспа за натамошно јакнење на билатералната соработка во сите области од заемен интерес. Во целост остануваме посветени на спроведување на европскиот интегративен процес преку доследно заокружување и надградување на започнатите реформи за членството во ЕУ, како наш врвен надворешно-политички приоритет, се вели во реакцијата од МНР во врска со почитувањето на Договорот од Преспа.

Прочитајте и:  Грчко МНР: Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам и целосно непознавање на историјата

Премиерите на Грција и на Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Димитар Главчев на Самитот на ЕУ во Брисел го отворија прашањето за почитувањето на преземените обврски од страна на земјава на патот кон ЕУ. 

- Реклама -