Многу причини за да јадете манго

Мангото не е многу застапено на нашите простори, но секако вреди да се потрудите да го најдете. Не само што е вкусно, туку е и исклучително здраво за организмот. Еве неколку причини поради кои треба почесто да го јадете:

  • Мангото има само 103 калории.
  • Едно манго содржи 75% витамин Ц, што значи дека е одличен антиоксидант и го поттикнува имунитетот.
  • Содржи 24% витамин А, исто така добар антиоксидант, а го подобрува и видот.
  • Содржи 12% витамин Б6, што стимулира лачење на хормонот во мозокот, но и ги спречува болестите на срцето.
  • Содржи 10% пробиотски влакна.
  • Содржи 8% бакар, многу важен во создавањето ензими и црвени крвни зрнца.
  • Содржи 8% калиум, кој го урамнотежува високото ниво на натриум кој го внесуваме со исхраната.
  • Содржи 5% магнезиум.
  • Спречува формирање на канцерогени клетки.

IF

Антиоксидансите во мангото го чуваат организмот од рак на дебелото црево, рак на дојката и простатата, како и од леукемија.

- Реклама -