Откако пред неколку дена Mitsubishi Motors Corporation (MMC) ги објави првите информации и фотографии од целосно новиот мултифункционален модел, компанијата откри и нови детали за возилото, а и тоа дека тој ќе се вика XPANDER.
Mitsubishi потенцира дека новата понуда на пазарот е дизајнирана да биде робусна, стилска и со одлична функционалност. Благодарение на модуларниот ентериер се наметнува и на ова поле. Автомобилот ќе биде составен во Индонезија и лансиран од есента оваа година, со првични проценки за годишно производство од 80.000 единици. Моделот исто така ќе биде достапен и во другите пазари на АСЕАН земјите, а од почетокот на идната година и во Европа и САД.
Mitsubishi XPANDER е со основни димензии должина 4.475, ширина 1.750 и височина 1.700 милиметри, а оддалеченоста од патот е 205 mm. Моторот на комбинираниот автомобил е 1.5 литарски со 105 коњски сили, погонот е на предните тркала, а купувачите ќе можат да избираат меѓу пет-брзински мануелен и четири- степен автоматски менувач. Во стандардната опрема на XPANDER се вклучени предни воздушни перничиња за возачот и совозачот, сопирачки антиблокирачки систем, електронска стабилизирачка програма, систем за помош на поаѓање на нагорнина…