Мицкоски до Заев: Бирај време и медиум

На вечерашниот протестен марш во организација на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

„Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел. Но, викни ги на помош оние поранешни наши браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те избрифираат за ‘вмровските работи’. Ќе зборуваме и за тоа, ама ќе зборуваме и за сето она кое и го приреди на нацијата, за сите недостоинствени политики. Јас и ти, очи во очи пред македонските граѓаните, па тие нека судат кој е во право. Немој овој пат да се криеш. Избери време, место и медиум. Таму ќе дојдам каде што ти сакаш и ти ќе кажеш“, му порача Мицкоски на Заев.

Мицкоски истакна дека граѓаните, без оглед дали се пред Собрание или на плоштадите, ја даваат поддршката и ги има многу:

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

„Ќе нé има уште повеќе се додека не им го видиме тилот како заминуваат од таму. Ја посипаа земјата со црнила, а народот го оковаа со омраза со љубомора, завист. Тоа е она на кое тие се подготвени, наместо да владеат со проекти и реформи, владеат со страв и притисоци. Не смееме тоа да им го дозволиме. Овој народ тоа не го дозволува и овој народ ќе му каже „НЕ“ на Зоран Заев и СДСМ. Ветуваа живот дека ќе донесат, а донесоа црнила, чемер и јад во домовите на нашите сограѓаните. Ништо не се мрда. Национално не омаловажија. Ни го уништија достоинството, го убија Македонецот во Македонецот“, рече Мицкоски пред присутните.

„ВМРО била и ќе остане на браникот на татковината“, порача тој.

- Реклама -