Мицкоски: Предупредивме на Тиранска платформа – се оствари, сега предупредуваме на федерализација

СДСМ нема победено на парламентарни избори веќе 18 години, но ако случајно дојде пак на власт, овојпат на маса ќе биде Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски од Карбинци.

„Прв чекор ќе биде федерализација, а втор чекор целосно уништување. Да не биде ова само во главата на вмровците, така беше и во 2016-та – тогаш нѐ обвинуваа дека Тиранската платформа и промената на Уставот била само во главата на Вмровците. Ама тоа се случи“, рече Мицкоски, додавајќи:

„Во среда секој кој ќе заокружи за СДСМ, закружува за уништување на Македонија и заокружува со тоа да живее. Со гласање за Љупче, слугата на Заев, се гласа за уништување на Македонија. Но, јас сум убеден дека разумот ќе преовладее и ќе победиме со два спрема еден, а потоа од 16-ти ќе има одговорност за сѐ што правеа овие три години“, рече тој.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

- Реклама -