Мицкоски: Со Палевски сме на дијаметрално спротивни страни, видете кој му помогна да регистрира партија

Љупчо Палевски не само што не е близок ниту до мене, ниту до ВМРО-ДМНЕ, туку ние сме на сосема дијаметрални различни страни, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „360 степени“ на МРТВ, говорејќи за тоа дали бил близок со Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Прашан дали имал средба со Палевски, Мицкоски во интервјуто одговори дека можеби пред 4-5 години имал средба, и, како што рече, нормално е да има таква средба со секој еден што во јавноста испраќа политички пораки.

– Во случајот не беа политички пораки, туку навреди кон мене и моето семејство, конкретно кон мојот постар син. На таа средба моето прашање било зошто и кои се аргументите, да ги слушнам. Не сум слушнал аргументи, туку напротив стигна барање ВМРО-ДПМНЕ да помогне во собирање граѓански потписи да регистрира лицето политичка партија. Нормално дека не му помогнавме, но три-четири години потоа, сведоци сме сите, дека тој успеа да регистрира политичка партија под името „Десна“. Прашањето е кој му помогна, а јавноста и ние што сме во политиката точно знаеме кој му помогна. Погледнете ги лицата што се потпишани и ќе ги добиете одговорите, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со осудата од страна на Мицкоски, откако Палевски беше тепан на јавно место, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека насилството не е прифатливо за него и не е алатка во политиката што треба да ја користиме.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

– Доколку се вратите наназад во неговото минато како претседател на градската организација на СДСМ, можам да дојдам до поинаков заклучок дека тој претставува партиска полициска инсталација што не верува во тоа што го кажува, ги злоупотребува темите, за да нанесе политичка штета на ВМРО-ДПМНЕ, заклучи Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Мицкоски, постојано поставува прашања зошто институциите дозволија да се случат двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, но не добива одговори, добива политиканство, а одговорите се генерално политички.

На новинарско прашање дали се обидува да добие политички поени со изјавата дека информациите што ги знае се сериозни и зошто информациите што ги знае а се сериозни не ги кажал ако не јавно, тогаш во Јавното обивнителство, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека суштината на кажаното е дека „кога ќе има нормални околности, односно различни од овие паритизирани“, како што рече, и во обвинителството и во судството, ќе можеме да дојдеме до одговорност и во институциите и во јавноста.

– Нека нè обвинуваат за политиканство, но нека реагираат и нека го најдат виновникот, но и да го препознаат оној дел во институциите што ги водат, каде затаиле тие институции. Во институциите до овој момент нема ниту еден што понесе одговорност, рече Мицкоски во интервјуто во емисијата „360“.

- Реклама -