Мицкоски: Овие избори се шанса да се каже доста е

„Од вашата одлука зависи дали ќе им подарите нови четири години на оние кои ги изневерија сите ваши очекувања, кои не исполниjа буквално ништо од тоа во што се колнеа и оние кои мандатите ги завршуваат во буквална одлепеност од реалноста и велат дека се најдобри кога вие најдобро знаете дека се најлошите досега“, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на митингот во општина Илинден.

Овие избори, како што рече, се шанса да се каже доста е за експериментите во здравството, образованието, економијата, но и доста е од тоа да мислат дека народот се кукли и статисти со кои тие управуваат.

Им порача на граѓаните да излезат на локалните избори и да гласаат. „

Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти кога треба сите ние да бидеме гласни“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека изборите се шанса народот да се избори за повеќе да се чуе неговиот глас. Според него, граѓаните не треба да дозволат апсолутна власт во рацете на човек кој ја злоупотребува таа власт и додаде дека е време да се чуе гласот на тивкото мнозинство, на реалниот човек.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Мицкоски соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен концепт, а тоа е концептот на „Три Пи“.

„Тоа се промена на системот на вредности, второто „Пи“ стои за проекти за развој, проекти за грижа на луѓето и подобрување на инфраструктурата со јасни рокови и третото „Пи“ стои за победи, победа на духот на малодушноста верба во квалитетот на нашиот народ, на сите етнички заедници, верба дека оваа држава е заедничка и дека работи за сите нас. Доколку ги мобилизираме сите капацитети, тогаш можеме да успееме и да создадеме успешна приказна од нашата Македонија“, рече Мицкоски во Илинден.

- Реклама -