Точно е дека во новиот предлог-статут на ВМРО-ДПМНЕ се укинува статусот на почесен претседател на партијата, но заедно со уште неколку други, потврди лидерот на најголемата опозициска партија – Христијан Мицкоски, во гостувањето на „24 Отворено“ на „тв24“.
Иако самото бришење на позицијата по автоматизам ќе значи дека експремиерот во азил/бегство – Никола Груевски, веќе нема да биде почесен претседател на партијата, Мицкоски, прашан дали тоа е оградување од претходниот лидер, одговори:
„Не, тоа е статут којшто е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на статутите на нашите сестрински партии“.
Тој посочи дека ова е еден од аспектите поради кои е горд на новиот статут и им препорача и на другите партии да го разгледаат, откако ќе биде донесен, за да им служи за пример за тоа како треба да се демократизираат.
Ни по повтореното прашање дали укинувањето на почесниот претседател е обид за дистанцирање од политиките на Груевски, новинарот не успеа да извлече ништо освен дрзок одговор од Мицкоски, по што следуваше и „дрско прашање“. Погледнете ТУКА.