Мицкоски на средба со германската амбасадорка: Правиме напори за формирање на ново парламентарно мнозинство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, денеска остварил средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија – Анке Холштајн.

Како што информираше Мицкоски, на средбата разговале за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети.

„Посочив дека изборите кои поминаа не може да се оценат за фер и демократски бидејќи власта спроведе низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласањето, со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите. Државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ.

Освен тоа што власта го осиромаши народот и ја втурна Македонија во тешка финансиска криза, спроведе организиран поткуп тежок неколку милиони евра. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

На средбата, Мицкоски потенцирал и дека ВМРО-ДПМНЕ прави напори за формирање на нова влада за излез од, како што вели, тешката криза во која се наоѓа државата. Овие напори, истакнал Мицкоски, се врз основа на добиената доверба од граѓаните и верување во принципите и вредностите елаборирани од страна на коалицијата „Обнова на Македонија“.

Од СДСМ, пак, и денеска инсистираат дека тие ќе формираат влада. Истата, велат, ќе продолжи да ја движи земјата напред, по вистинскиот пат кој го започна пред три години. Тоа е патпт на напредокот, демократијата, правдата и владеење на правото, велат од СДСМ.

- Реклама -