Мицкоски е подготвен на оставка дури и ако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, во интервју за „Макфакс“, вели дека е горд што партијата не учествувала во Преспанскиот договор. Тој исто така порача и дека е подготвен да понесе одговорност доколку тоа се одрази на изборите.

Имено, Мицкоски е категоричен дека во случај на пораз на изборите, доколку истите се фер и транспарентни, ќе поднесе оставка. Но, вели тој, подготвен е и да оди и чекор понатаму:

„И доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и не успееме да направиме Влада, и тогаш ќе понесам одговорност“, вели лидерот на најголемата опозициска партија. Целото интервју погледнете го ТУКА.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема
- Реклама -