Мицкоски: Без гаранции и промена на однесувањето на Бугарија, нема да поддржиме уставни измени ни сега, ни во иднина

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи уставните измени под овие околности, ставот на ВМРО ДПМНЕ е дека под „бугарски дикатат“ нема да поддржи таков процес, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање за изјавите на Бујар Османи и темата уставни измени.

– Пораките од Владата на ДУИ поддржана од СДСМ се збунувачки. Прво, пораките се дека на соодветно ниво не се средбите. Па, потоа кога ќе бидат тие средби на соодветно ниво, аха значи на овие средби се разговарало за нешто друго. Па, потоа добро кога се среќавате зошто не објавувате слики. Па, кога ќе објавиме слики, аха на тие состаноци се случувало нешто конспиративно, тајно. Нема ништо ниту конспиративно, ниту тајно. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е поврзан со бугарскиот диктат и т.н. процес на уставни измени е јасен и тој е непроменет, рече Мицкоски.

Тој додаде дека на дневна основа има теми што ги мачат што граѓаните како што се, рече, инфлацијата, лошата економија, скапите цени, ниските пензии, ниските плати, младите што се селат, луѓе што умираат по ходници во болници, ученици коишто добиваат учебници на крај од годината наместо на почетокот на учебната година итн.

– Во целиот овој сплет се споменува и темата за уставни измени, а таа тема соговорниците го добиваат одговорот како што го кажавме и пред година дена. А, тоа е дека под овие околности, ќе повторам, ВМРО-ДПМНЕ овој бугарски диктат нема да го поддржи, не сега туку и во иднина. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ако навистина европските вредности не бидат на маса, ако навистина не видиме од нашите соговорници од исток промени во однесувањето, вистински европски вредности, гаранции, ние немаме намера да поддржиме таков процес, нагласи Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Тој посочи дека сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата стојат зад одлуката дека уставни измени под бугарски диктат и под овие околности нема да има.

Во однос на случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД поради корупција, како и тоа дека Ковачевски не знаел ништо за тој случај, Мицкоски одговори дека „Ковачевски знае да биде премиер, да ужива привилегии и да троши народни пари, а не знае што се случува во државата“.

Затоа, според него, неопходни се избори помеѓу останатото и за да биде одглавен евроинтегративниот процес во земјава.

Според него, важно е да се преземат чекори и нагласи дека се потребни избори.

МИА

- Реклама -