Мицкоски бара пописот да се одложи за 2022-ра: Нема да повикаме на непопишување, но жестоко ќе ги отфрлиме резултатите

Целиот процес околу пописот, власта го води скандалозно, нетраспарентно и погрешно, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, во интервју за „Нетпрес“.

„Јас ги разбирам која им е целта, не е да спроведат статистичка операција туку асолутно политичка. Зошто? Затоа што еве ќе имате прилика да видите кои ќе бидат регрутирани да бидат попишувачи и голем дел од нив да не речам можеби сите ќе бидат дел од структурите на СДСМ и ДУИ, еве ќе видите“, вели Мицкоски.

Според него, причината за тоа е што попишувачите ќе добијат по 300-400 евра од човек, а тоа, според него, е поткуп поврзан со претстојните локални избори, но и за во иднина:

„Затоа што тоа е платено по 300, 400 евра од човек, тоа е добра основа за утре за локални, понатаму тоа е добра основа за мапирање на теренот каде се минува со пакетче, каде се проаѓа со коверт, каде не се минува со ништо, тоа е добра основа да може утре на локалните избори да се пуштат партиски луѓе да притискаат врз луѓете и да тргуваат со нивни гласови. Затоа нив сега им е важно да се одржи пописот.

Што ќе смени ако се направи една година подоцна, според препораките на ОН, како што тоа го направија многу поразвиени држави од Македонија, како Германија, Ирска а од соседството чинам Бугарија и Србија? Што ќе смени една година?“, прашува Мицкоски.

 

„Тоа е првиот дел од тезата, вториот дел е што велат ќе бидњ статискичка операција со комбининиран метод теренски и електронски. Добро, доколку тоа е така, зошто тогаш потребата од двоен попис? Зошто мора резултатите на крај да ги потврдат директорот кој е предлог на СДСМ и неговиот заменик предлог на ДУИ, кој патем речено ова се можеби неговите први месеци како вработен во Завод за статистика? Не ја гледам логиката, тогаш ако е електронска да ги внесеме матичните броеви да ги вкрстиме со базите, кои патем речено не знаеме кои се базите, и компјутер ќе ни го даде резултатот, бројка – толку луѓе се. Зошто мора да има два потписа?! Затоа што на крај има политички договор и чувството, недовербата е таква, не зборувам само кај Македонците, туку кај сите граѓани од сите етникуми постои недоверба“, вели Мицкоски, најавувајќи дека ако не се прифатат барањата на ВМРО-ДПМНЕ, најголемата опозициска партија жестоко ќе го оспори пописот.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

„Сега вие сте решиле на сила да туркате попис, а доверба не сте изградиле во државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага прво, да го одложиме за една година, имаме време 2022 година како што направи Германија е сосема доволна бидејќи немаме избори. Второ, бараме веднаш ако е статистичка операција да се тргнат двата врзани потписа затоа што, еве, јас ви гарантирам дека тие потписи значат политичка операција. Трето, за да докажеме кој е резидент, бидејќи согласно Еуростат вие попишувате резиденти мора да бидат применети читачите на отисоци на прсти или тн. фингерпринти кои согласно новиот Изборен законик се предвидени да бидат дел од следните локални избори во октомври 2021 значи не е дополнителен троошок тие терминали секако мора да бидат набавени, атака ќе знаеме кои се присутни кои се отсутни тука веќе лажирање, двоен потпис.

И конечно да сумирам: Доколку сето ова не биде прифатено, а засега на комисиска расправа ништо не е прифатено, продолжат со насилната процедура, злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги признае резултатите. Напротив, жестоко ќе ги отфрли. Во периодот кој следи ќе работи на терен истите да ги девалвира, а доколу некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на непопишување – не е така, зашто постои казна глоба од 300-400 евра, ние тоа не можеме да го направиме. И да повика ВМРО-ДПМНЕ, теоретски, дека целата глоба ќе си ја плати секој, тогаш дел од населението ќе се попише, дел нема и ќе има дисбаланс во резултатите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на терен жестоко да ги девалвира, нема да ги признае резултатите од овој попис затоа што не постои доверба. Ако Заев мисли дека треба да прифати попис кој ќе биде политички, а не статистички, каде ќе има мапирање за локаланите избори за да може утре да носат вакви или такви подароци, за да ги плати активистите кои работат на избори, тогаш и покрај препораките на ОН, тогаш тоа е негова одлука. Но тогаш и треба сите да сме свесни дека, да повторам, пламените јазици што ги гледавте во ‘Глобал’ 13 години потоа, ќе ги гледате во Македонија неколку години подоцна доколку овој човек потрае. А сите да сме свесни за последиците. Затоа е потребно обединување, национално обединување без разлика кој ќе биде дел од тој камп“, вели Мицкоски. Целото интервју прочитајте го ТУКА.

- Реклама -