Митови и факти за сојата

Во последните години сведоци сме дека сојата се посочува како многу здрава храна, односно храна која ги содржи скоро сите есенцијални аминокиселини и е особено здрава за јадење. Но, што од сите информации со кои сте бомбардирани е мит, а што е факт?

Сојата е добра замена за месото

Сојата е одлична замена за месото. Сојата ги содржи речиси сите аминокиселини и е добра за организамот. Сепак, мора да се конзумира умерено бидејќи прекумерното конзумирање може да блокира одредени ензими и да предизвика проблеми со варењето и метаболизирањето на протеините.

Сојата позитивно влијае на ендокриниот систем

Сојата освен што не влијае позитивно на ендокриониот систем таа може да биде и опасна доколку премногу се користи. Таа може да го попречи функционирањето на одредени ензими и да спречи правилна употреба на есенцијалните аминокиселини во организамот. Претераното користење на соја може да ја попречи функцијата аминокиселината тирозин, да предеизвика хипотироидизам или хашимото тироидитис. Особено треба да внимаваат трудниците до 12 недела од бременоста.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Сојата го намалува ризикот од карцином на машките полови жлезди

Во истражувањата јасно било покажано дека луѓето кои редовно користеле соја во исхраната имале многу помали шанси да заболат од карцином на половите жлезди отколку оние кои не конзумирале.

Сојата не предизвикува алергии

Сојата предизвикува алергии, дури и повеќе од останатите видови на растенија од нејзиниот род, потврдуваат научниците.

Сојата помага при превенција на срцеви болести

Сојата го потикнува метаболизирањето на маснотиите и го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, што придонесува за зачувување на крвните садови и за подобро здравје на срцето.

Објавено во соработка со За Здрајве.

- Реклама -