Мисла на денот: Обичниот живот на мудрецот

Еден човек прашал еднаш еден мудрец:

– Која е вашата тајна?

Тој одговорил:

– Јас живеам нормален живот – тоа е мојата тајна. Јас јадам кога јадам, спијам, кога спијам, и работам, кога работам.

Човекот останал збунет:

– Но, јас не гледам ништо посебно во тоа.

Мудрецот рекол:

– Во тоа е целата суштина. Нема ништо посебно.

Човекот продолжил да прашува зачудено:

– Но, сите го прават тоа: јадат, кога јадат; спијат кога спијат …

Мудрецот се насмеал и рекол:

– Не. Кога јадете, вие правите илјади работи одеднаш и затоа ниту една не умеете да ја направите до совршенство: мислите, сонувате, замислувате, се сеќавате… Јас само јадам, кога јадам. Тогаш постои само храната и ништо друго. Кога одам, одам и се насладувам на прошетката. Постои само прошетката – и ништо друго!

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Умеете ли и вие да уживате во моментот, и да останете таму?

Мисла на денот

- Реклама -