Мишел: Одлуката за почеток на преговорите е моќна политичка порака за украинскиот народ

Oдлуката за почеток на преговори е многу важна за Украина и претставува моќна политичка порака за украинскиот народ, а е подеднакво важна и за кредибилиетот на Европската Унија, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, откако на платформата „Икс“ соопшти дека Европскиот совет решил Украина и Молдавија да ги започнат преговорите за членство.

„Работевме напорно во подготовката на овој Европски Ссвет со цел ниту една земја членка да не се спротивстави на оваа одлука“, рече Мишел.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, МИшел информирал дека лидерите ја продолжуваат дебатата околу финансиската рамка и изразил надеж дека до вечерва ќе се постигне договор за помош на Украина, како и за ревизија на буџетската рамка на Унијата.

Прочитајте и:  ФТ: Никој не е на страната на Унгарија и Словачка во однос на испораката на нафта од Русија

Одлуката за почеток на преговорите, инаку, е донесена и покрај најавите од Унгарија дека ќе се спротивстави, како на отворањето на пристапните преговори, така и на редлог-пакетот за финансиска помош од 50 милијарди евра за поддршка на украинската економија.

- Реклама -