Мирел: Ветото на Бугарија нема врска со критериумите за членство, преодно решение е можно само со силен притисок од ЕУ врз Софија

Можеби звучи како парадокс, но техничката влада во Бугарија може да отвори можност за таканаречено преодно решение со Бугарија. Тоа би вклучувало Бугарија да го тргне ветото и да објави декларација која вели дека ќе го продолжи дијалогот со Скопје, за кој и да е проблемот што го имаат, смета екс-директорот за проширување на Европската комисија – Пјер Мирел.

Тоа би било политичко решение, но за да успее, потенцира тој во изјава за „ТВ24“, мора да се изврши многу силен притисок врз Бугарија од страна на Претседателството на ЕУ и неколку членки на Унијата.

„Видете, доволно беше, го загадувате процесот на проширување и атмосферата околу него. Сега е крајно време да се излезе од таа ситуација“ – треба да гласи пораката од ЕУ до Софија, смета Мирел, посочувајќи дека намерно го користи зборот „загадување“, дотолку повеќе што, како што вели за „ТВ24“, причините за ветото од Софија немаат ама баш никаква врска со критериумите за членство во Унијата.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови
- Реклама -